Ограбувачот на „Македонска пошта“ ограбил и обложувалница во „Три бисери“

Љ.А., кој во средата ја ограби експозитурата на „Македонска пошта“ до Бит Пазар, е сторителот и на грабежот во обложувалницата „Спорт Лајф“ во трговскиот центар „Три бисер“ во скопски аеродром извршен кон крајот на 2012 година, извести полицијата.

СВР Скопје поднела кривична пријава за разбојништво за овој грабеж против 31-годишниот скопјанец. Тој на 10 декември 2012 година околу 21.20 часот маскиран со детска пластична маска и со пиштол в рака влегол во обложувалницата на булевар  Јане Сандански, по што од вработената одземал 16.000 денари.

За грабежот во поштата Љ.А. доби 30 дневен притвор.