Оградата на австриската граница ќе има дупка од 8 метри

Оградата што ја креваат австриските власти на границата со Словенија ќе има дупка во должина од повеќе стотици метри, затоа што еден од сопствениците на земјиштето каде се поставува жичаната ограда не дал одобрение за користење на неговиот имот, јавува „Танјуг“ повикувајќи се на австриските медиуми.

До крајот на годината, според Министерството за внатрешни работи на Австрија, граничниот премин Шпилфилд што најмногу се користи од бранот бегалци, треба да биде преуреден за да се воспостави нов систем за управување на државната граница.

Ограда на унгарската граница
Ограда на унгарската граница

Во рамки на тоа предвидено е подигање на ограда во должина од 3, 7 километри и височина од 2,5 метри. Сепак, оградата ќе има дупка во должина од 8, 1 метри потврди министерството.

Еден сопственик на земјиште не прифатил неговиот имот да се користи за кревање ограда, така што министерството ќе мора да преземе други „технички и полициски мерки“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.