Ограничувањето на интернетот се’ уште актуелно во Турција

Заменик-генералниот претседател на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Фарук Логоглу, кој е и поранешен амбасадор на Турција во Вашингтон, изјавил дека новодонесениот закон, за воведување на цензура на интернетот, противречи на принципите на демократијата и гарантираните слободи на граѓаните, соопшти електронското издание на весникот „Заман“.

„Се надеваме дека претседателот да ќе ги оправда нашите очекувања. Ако сепак Абдулах Ѓул сепак потпише указ и го афирмира законот, ние веднаш ќе однесеме прашањето пред Уставниот суд“ , посочи уште опозицискиот пратеник.