Огромна пукнатина се отвори на земјата во Мексико

Петметарска пукнатина долга неколку километри се отворила во земјата во северозападниот дел на Мексико.

Геолози веднаш пристигнале на местото на случувањето за да отпочнат истражувања за причината за пукањето на земјата. Мексиканските власти сметаат дека тоа може да се случило поради земјотрес, кој го погодил тој дел од Мексико минатата недела.

Пукнатината, која е длабока околу осум метри, тешко оштетила магистрален пат, кој води до Тихоокеанското крајбрежје.

Превозните средства биле пренасочувани по други патишта, бидејќи во делот каде е оштетена магистралата земјиштето е нестабилно.