Голема заинтересираност за проектот „Купи куќа за млади” во Гостивар

Голема заинтересираност за проектот „Купи куќа за млади” во Гостивар
Голема заинтересираност за проектот „Купи куќа за млади” во Гостивар
Во преполната сала која собра над 250 млади гостиварци, тие имаа можност да ги слушнат условите за новиот проект „Купи куќа за млади” кој го промовираше Владата, на трибина организирана од Унијата на млади сили.

На трибината се обратија претставниците на Унијата на млади сили, а потоа се разви дискусија околу можностите и условите при која младите дискутираа.

-Ова е само еден од низата проекти за млади кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го промовираше изминатиов период, тука се и новите студентски домови, бесплатниот превоз за студенти, средношколска среда, но без сомнение најголема побуда во јавноста предизвика проектот „Купи куќа за млади”, кој треба да стапи на сила. Ова е една брилијантна можност да можат младите да се вдомат во свој сопствен дом, да основаат и да ги шират своите семејства. Како олеснителна околност на овој проект во прилог оди и можноста која што ја нуди Министерството за транспорт и врски, бесплатните проекти за типски куќи, кои наменски ќе може да се искористат за сите оние кои ќе аплицираат да ги добијат. Ние ги охрабруваме сите млади да ги разгледаат условите од двата модела што ги нуди проектит и за оние кои што највеќе им одговараат да аплицираат, да го искористат проектот и да си имаат свој сопствен дом. Огромната заинтересираност вечерва е доволен показател дека проектот ќе биде успешен, рече потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

ums- tribina gostivar

Инаку, „Купи куќа за млади“ е проект кој е чекор напред од „Купи куќа, купи стан“, се однесува на млади до 35 години и нуди дополнителни поволности. „Купи куќа за млади“ дава неповратни средства за купување, изградба или надргадба на куќа во висина од 80 отсто од месечната рата за кредитот во тек на 8 години и 50 отсто од ратата плус уште три години, или пак обезбедува 25 отсто од учеството за кредитот.

Поради огромната заинтересираност за проектот Унијата на млади сили и во наредниот период ќе продолжи да ги информира младите преку трибини и да разговара, се со цел овој проект да допре до секого и да може да биде искористен од секого.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.