Огромни штети: Пријавени починати – удавени и исчезнати лица, срушени и поплавени куќи и возила

Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила, а пријавени се починати- удавени  и исчезнати лица.

За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и  дополнителни служби и тоа: крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров кон Стенковец.

На 07.08.2016 година до утринава во 8.30 часот примени се 22 повредени лица во скопските клиники, починати лица до овој момент имаме 15 и досега се пријавени 6 исчезнати лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.