Огромните резерви ја соборија цената на нафтата

Цените на нафтата забележаа пад, поради загриженоста од прекумерните глобални резерви, како и поради шпекулациите дека ФЕД наскоро би можел да го намали обемот на монетарни поттикнувања.

Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во јануари на Трговската берза во Лондон поевтини за девет центи на 97,41 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 108,60 долари, што е намалување за седум центи.

Инвеститорите не се загрижени само поради прекумерните резерви на нафта, туку и поради одредени земји членки на ОПЕК, како што е Ирак дека ќе се зголемат резервите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.