Огромно обезбедување на Ел Класико – 1500 полицајци ќе се грижат за безбедноста

Со минатонеделните терористички напади, од кои еден пред “Стад д Франс” за време на пријателскиот меч на домашната селекција и светскиот шампион Германија, од безбедносни причини беа откажани и пријателскиот натпревар меѓу Белгија и Шпанија и пријателскиот меч на Германија и Холандија.

“Ел класико” на програмата е во сабота од 18:15 во Мадрид, а мерките на безбедност се засилени, па мечот околу “Сантијаго Бернабеу” ќе го обезбедуваат 1500 полицајци.

Два дена пред натпреварот полицијата, како и кучиња трагачи ќе бидат распоредени околу за да откријат дали има сомнителни активности.

По двонеделната пауза со обврски во националните селекции за викенд продолжува шампионатот на Шпанија.

Барселона е по 11 натпревари прва во првенството со три бодови повеќе од Реал Мадрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.