Спорт

Огромно засилување за Манчестер Јунајтед – Мемфис Депај ќе пристигне на Олд Трафорд

Огромно засилување за Манчестер Јунајтед – Мемфис Депај ќе пристигне на Олд Трафорд

Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, потврди неговиот досегашен клуб ПСВ.

Веќе нема дилеми. Она што претходните недели се најавуваше денес доби и официјална потврда. Мемфис Депај ќе биде нов играч на Манчестер јунајтед, а холандските медиуми пренесуваат дека трансферот изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.

depay-

Филип Коку на денешниот тренинг им соопштил дека Мемфис заминува во Манчестер, по што следел громогласен аплауз од неговите соиграчите.

Зад Депај е навистина фантастична сезона. Отвори инзвонредно минатото лето на СП во Бразил, а потоа продолжи во ист стил и во дресот на ПСВ, со кого ја освои титулата по долгиот пост и слободно може да кажеме дека е најзаслужен за тој успех, бидејќи на 28 натпревари постигна 21 гол.