Македонија

Охрид доби нов плоштад

Охрид доби нов плоштад
Охрид доби нов плоштад

Вчера во Охрид градоначалникот Никола Бакрачески на пригодна свечена церемонија го отвори новиот плоштад до музичкото училиште. Плоштадот е со површина од околу 1000 метри квадратни и на него има две фонтани. Едната фонтана ја краси уметничко дело мозаик кој го изработи охридскиот уметник Никола Упевче.

На церемонијата свој настап имаа талентирани ученици од музичкото училиште ”Методи Патчев”, како и хорот при О.У. ”Христо Узунов”, а на крај кон небото беа испратени хелиумски балони и бели гулаби.

На присутните им се обрати охридскиот Градоначалник кој рече дека бројноста на насобраните граѓани вечерва и разноликоста  која ја гледал, од најмлади до највозрасни, жени и мажи од различити населби во градот е најдобро признание за причината поради која сите се собрани вечерва , во исто време инспирира, мотивира  но и најдобар можен начин не обврзува да продолжиме твориме во иднина, и да се   собираме на уште многу вакви свечени моменти.

plostad2

Велат дека задоволството после добро завршената работа е само  миг, по кој следува повторно работа за да се достигне новиот миг на задоволство. Континуитет на таквата активност е одлика на работата на локалната самоуправа, а резултат на таквата посветеност е овој прекрасен плоштад пред нас како придобивка за сите граѓани, рече Бакрачески.

plostad3

Овој простор за повозрасните охриѓани беше познат како “Дуборезачка“, за помладите генерации едноставно како “Кај минимаркет“, а оставам на вас, на  денешната генерација и инвентивноста на граѓаните овој плоштад да го именуваат според нивно наоѓање. Плоштадот е на површина од околу 1.000 м2 и идеално се вклопува во афтентичниот градски стил на Охрид, со современи компоненти. Оваа уредена јавна површина ја красат две фонтани и мал амфитеатар. Поголемата фонтана е каскадна и поставена во самиот центар, оплеменета  со мозаици  наречени “четири рајски реки“ кои се дело на познатиот охридски уметник Никола Упевче до кој упатувам благодарност за неговата креација во конечното оформување на ликот на фонтаната. Втората вертикална фонтана е поставена во аголот кај малиот амфитеатар и ќе ја краси сцената на истиот и го симболизира богатсвото на води во овој регион – рече Бакрачески и додаде дека целиот простор е  хортикултурно осмислен и осветлен  по најсовремени стандарди онака како што тоа го бараат ваквите градби, рече градоначалникот.

plostad5

Реализацијата на овој крупен проект тежок 8.688.925 денари е на охридските јавни претпријатија, a Бакрачески се заблагодари и на фирмата ”Еуро стил” која ги изведуваше работите.

plostad

Плоштадот ќе биде катче за одмор и релаксација, но тука се разбира ќе може да се рекреираат и да се забавуваат сите охриѓани од најмала до најголема возраст. Просторот кај малиот амфитеатар   ќе биде можност  сите културни институции , дејци и уметници да  организираат  најразлични културни манифестации и уметнички  изразувања. Драги сограѓани, ја изразувам благодарноста и кон вас за довербата која ни ја давате во реализирање на проектите. Продолжуваме да го градиме и разубавуваме Охрид.  И  на крај, погледнувајќи во очи на големиот празник, 8 Септември – денот на независноста на Македонија, ви го честитам на сите вас.  Нека овој ден не потсетува на предизвиците, кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија. Да сте живи и здрави и уште многу „лета“ пред нас убавите причини  како вечерашнава  нека бидат  повод за многу идни наредни средби, порача рече Бакрачески.