Охрид доби ново знаме

Вчера точно на пладне, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во присуство на вработените во локалната администрација свечено го подигна новото, официјално знаме на Oпштина Охрид.

Новото знаме на Охрид ги исполнува и е во согласност со препораките и забелешките кои што претходно беа дадени од комисијата која ја сочинуваа претставници од УНЕСКО со цел да се отстранат неправилности на досегашните  грб и знаме на Oпштина Охрид.

Новото знаме на општина Охрид е во сино- бела боја, има ѕидина која ја отсликува Самоиловата тврдина и бранови кои го симболизираат езерото.

Инкорпорирани сите духовни, традиционални, историски, културни и природни вредности на градот Охрид и истовремено го симболизираат гостопримството на охриѓани и мулти-културното живеење во Охрид.

Novo Zname Opstina Ohrid 4852

Моментот на подигнување на новото официјално знаме, градоначалникот Бакрачески го овени како историски чин.

 Следеше постапка во која што ние ангажиравме професионални асоцијации како што е Здружението на хералдичари на Република Македонија кои што изработија неколку варијанти онака како што основните принципи на хералдиката налагаат, да се направи знаме кое што ќе ги задоволи основните, духовни, традиционални, историски, природни и културни вредности  и обележја на градот Охрид . Ова знаме кое што денес го подигнавме е токму такво и истото беше изгласано со мнозинство гласови на седница на Советот на Општина Охрид. Денесприсуствувавме на еден свечен и историски чин за Охрид. Денес сум посебно горд и среќен  што имаме можност и официјално да го  истакнеме едно од обележјата и симболите на градот Охрид, истакнал градоначалникот Бакрачески.

Novo Zname Opstina Ohrid 4853

Во наредниов период се очекува Охрид да го добие и новиот официјален грб за што постапката е во тек.

-Веќе е најдена компанија која што е задолжена да го изработи новиот грб на Општина Охрид согласно одлуката донесена претходно на Советот на Општина Охрид.  Се надевам дека за не повеќе од две до три недели ќе биде изработен грбот на нашава  општината  кој ќе биде истакнат на истото она место на кое што претходно стоеше досегашниот  грб, додал Бакрачески.

Novo Zname Opstina Ohrid 4854

Досегашното знаме на Охрид датирало од 90-те а грбот од 60-те години на минатиот век.