Охрид го одбележува Денот на планетата земја

По повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја, на Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи културно-едукативниот настан „За Охрид фин – зелен и син“.

Манифестација што ќе биде своевиден еко-хепенинг со серија содржини, активности насочени кон подигање на еколошката свест кај граѓаните, пред сè, за заштита и зачувување на водите на Охридското Eзеро.

Во забавниот дел ќе настапат Игор Џамбазов и Дамјан Пејчиноски, Тони Зен, „The Hounds“ и Леа, Јана Гигова, „The Quartet“, „ФЛЕКА – Acoustic Act“, стендап-артистот Никола Тодороски и Енис Хилми, која ќе чита избрана поезија.

Организатори на настанот се Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „ТАКТ“, Здружението за заштита на животни „Анималиа“ и Здружението за заштита на животни и животна средина „ЕДЕН“.