Охрид и Дубровник – најпривлечни за туристите

Охрид и Дубровник се најатрактивните балкански градови за туристите. Оние кои патуваат од подалечните земји како Кина, Тајван, Јапонија, Турција и Романија во нив се задржуваат по два дена.

Дел од туристите патуваат низ сите поранешни југословенски републики, посетувајќи ги главните туристички места на земјите.  Други се запознаваат со убавините на Крф, Саранда  и Охрид, трети пак доаѓаат патувајќи  низ Србија, Косово, Бугарија и  Црна Гора.

-Охрид и Дубровник се ставени на мапа и во предност пред сите други места. Сараево, Мостар, Белград, Котор, Будва.  Многу им се допаѓа неретко ми викаат Џингиз во рајот ти живееш, вели Џингиз Пател туристички водич од Охрид.

Дел од туристите од Словенија, БиХ и Храватска пак, ја посетуваат само Македонија, а најголема атракција им се познатите македонски манастири и Берово.

Дел од гостите се потсетија на младоста,  на војничките денови  минати на брегот на Охридското езеро.

– Бев тука пред четириесет години  во војска. Перфектно е преубаво е.Имам само суперлативи многу се сменило  за овие четири децении и стариот и новиот дел од градот и сметам дека Охрид не е бисер на Македонија туку бисер на светот, вели гостин од Хрватска.

– Служев војска овде пред триесет години и сега дојдов да видам како се променило. Да сменето е многу многу е сменето на подобро, вели гостин од Словенија.

Гостите  кои викендов го преплавија Охрид пријатно ги изненадија туристичките работници. Десетици илјади туристи овој празничен Првомајски викенд престојуваат во Охрид.