Охрид ќе добие нов луксузен хотел и аквапарк

Турската компанија Фибула, која го реновираше хотелот Изгрев за Zase.mk потврдија дека веќе откупиле простор на охридското крајбрежје во Охрид и таму многу скоро ќе почнат со изградба на Аквапарк, но и на нов луксузен хотел со над 400 соби.

Аквапаркот ќе биде граден по примерот на оној кој е дел од реновираниот хотел Изгрев, но поради просторот ќе биде малку помал.

Хотелот ќе биде ултра луксузен, а во него покрај гости од Македонија очекуваат да доаѓаат гости од регионот, од Турција, но и од западноевропските земји, кои веќе ги посетуваат нивните хотели во Анталија, Турција.

Подготовката на теренот неофицијално треба да започне во 2015-та година

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.