Охрид: Ќе се гради пешачка патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“

Екипи на ЈП „Охридски Kомуналец“ денеска започнаа со сечење на гранки и дрвја на просторот каде треба да се изгради пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“, јавува порталот Ohrid News.

ohridd_2

Инаку, веќе се избрани градежните компании кои ќе ги рализираат градежните активности. Според планираното, фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин Дол треба да ја реализираат првата фаза од проектот, за која ќе бидат издвоени 6.781.307 денари, односно околу 110.000 евра.

Патеката ќе биде наменета за пешаци, велосипеди и ролери и ќе биде со широчина од 12 метри. Според планот петката  ќе биде хортикултурно и партерно уредена и осветлена.

Фото: Ohridnews