ОХРИД: Поранешните директори од СДСМ изеле и испиле над 15 милиони денари!

ОХРИД: Поранешните директори од СДСМ изеле и испиле неверојатни 15.706.751 денар!
ОХРИД: Поранешните директори од СДСМ изеле и испиле неверојатни 15.706.751 денар!
Во јавните претпријатија во Охрид пред мај 2013-та година вкупно за репрезентација (ресторански услуги) биле потрошени повеќе од 15.706.751 – јави порталот Охрид1. Според информациите на порталот оваа цифра е поголема бидејќи дел од фактурите за јадење и пиење по ресторани на директорите од СДСМ за 2011 година ги нема, и се запленети во полициска истрага како доказ за организиран криминал.Информациајта дека диркеторите на јавните претпријатија до мај 2013 во ресторани изеле над 15 милиони денари го шокира Охрид. Бура реакции по социјалните мрежи, каде коментрарите се од тоа дека се вршел грабеж и фиктивно се фактурирало, метод по кој одредени ресторани пумпале народни пари во приватни џебови, па се до коментари со сатирична содржина дека поранешните директори јаделе мрсна храна, печење и скара на народна сметка, а сегашните јаделе здрава храна, салата и ”криви краставици”. Шок и неверување од објавените милионски цифри.

Во јавните претпријатија во Охрид пред мај 2013-та година вкупно за репрезентација (ресторански услуги) биле потрошени повеќе од 15.706.751. Интересно е да се напомене дека од преземањето на директорските функции до денес актуелната директорска гарнитура потрошила 1.409.446 денари или повеќе од 15 пати помалку од нивните претходници (разликата е поголема бидејќи дел од фактурите за ресторански услуги се во полиција).

direktori-640x801

Оваа цифра не е конечна и таа најверојатно е далеку поголема бидејќи дел од сметководствената документација на едно јавно претпријатие е запленета од полицијата бидејќи никогаш не била во пратпријатието кое користело услоги од приватна сметководствена фирма.

КАДЕ НАЈМНОГУ ЈАДЕЛЕ ?

Најголем дел од овие услуги се користеле во неколку исти ресторани и еден хотел. Интересно е да се напомене дека и училиштата во градот константно кроистеле ресторански улсуги каде се трошеле енормни пари во два ресторани и еден хотел од градот, па така до скоро охридската Гимназија Свети Климент Охридски добивала фактури од еден ресторан кои ги враќале назад и не ги признавале.