Охрид преплавен од туристи за Првомајските празници

Илјадници туристи го преплавија Охрид за Првомајските празници. Охридските хотели и приватното сместување се речиси целосно исполнети. Најбројни се гостите од земјава и од регионот Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна, Бугарија.Но има многу групи од подалечните земји Поска, Романија, Турција, Тајван, Кина, кои како дел од Балканските тури во Охрид минуваат по неколку денови.

Гостите уживаат во природните убавини, во познатите излетнички места и на плажите. Најголемиот дел од странците ги посетуваат културно историските споменици, црквите и музеите.
Вистинско изненадување за туристите е рок фестивалот на отворено кој се одржува во Охрид.
Ако 1-ви мај се земе како показател тогаш слободно може да се каже дека охриѓани ова лето може да очекуваат плодна туристичка сезона.