Охрид се наполни со туристи на крај на сезоната

Туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети и крајот на сезоната е задоволувачки, оцени заменик претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески, објави МИА.

– Имаше неколку причини зошто јули не беше баш најдобро, но еве крајот на сезоната покажува задоволителни резултати, капацитетите на охридско-струшката ривиера се исполнети. Мислам дека и понатаму вака ќе се продолжи. Ќе ги имаме во предвид очекувањата за следната година, како треба да се подготвиме и кои понуди да ги издадеме- изјави Блажески.

Според него, годинава најбројни се гостите од Холандија, потоа од Турција, Грција, Србија, Албанија и Норвешка.

– Со домашните гости сме на исто ниво како лани, кое не беше задоволително, но сепак се задржува. Мислам дека имаше негативна кампања за Охрид и Струга. Беа објавени цени за кои не можам да тврдам дали се точни или не. Цената е само нешто што треба производот да биде платен. Мислам дека нудиме многу подобри производи и тие цени не се прескапи – рече Блажески.