Македонија,Крими хроника

Охридскиот двоен убиец побегнал од Македонија!

Охридскиот двоен убиец побегнал од Македонија!

Двојниот убиец од Охрид кој уби двајца во четвртокот во охридскиот хотел-ресторан „Император“, најверојатно ја напуштил државата преку нелегален премин, бидејќи полицијата не успеа да го пронајде во неговиот дом, кај неговите роднини или кај блиски пријатели во Македонија, пишува Република.

Сепак засега не е распишана меѓународна потерница по осомничениот убиец Б.П. (30), кој според полицијата ги застрелал Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38).

Осомничениот е поранешен осуденик, кој имал дебело криминално досие во земјава, но и во странство. Засега во Македонија се бара со национална потерница, но поради фактот дека веќе пет дена е недостапен за органите на прогонот најверојатно по него ќе биде распишана и меѓународна потерница.

-Со оглед на близината на Охрид до границите со Албанија и со Грција, можно е тој да нашол засолниште во некоја од овие земји. Сепак ако го сторил тоа, тој не излегол преку некој од легалните премини, бидејќи веднаш по убиството по него беше распишана потерница во земјава, па ако се појавел на граничен премин, веднаш по идентификацијата би бил уапсен. Се претпоставува дека осомничениот го искористил познанството со криминалното подземје во регионот, кое му помогнало да се засолни привремено, пишува Република.

Од МВР велат дека по осомничениот засега не се трага преку Интерпол, но доклку судот процени дека тоа е неопходно и го извсти Министерството, истото преку канцеларијата на Интерпол ќе распише меѓународна потерница.