среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 11

Охридско еден сантиметар под дозволениот минимум, водотеците се намалуваат

Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар под дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.

охридско

Поврзани вести

Управата информира дека водотеците имаат тренд на намалување и предупредува на внимателно движење покрај нив.

Неделната хидролошка анализа покажува дека нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес било повисоко од просекот за овој период во годината, додека на Вардар кај Демир Капија и на останатите реки, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница,…, варира.

Водостојот на Црн Дрим, пак, од понеделник до петок се движел меѓу 18 и 33 сантиметри што е драстично под просекот кој изнесува 123 сантиметри.

Најчитани вести