Македонија,Економија

Охридско лето и годинава најголем туристички настан

Охридско лето и годинава најголем туристички настан

Фестивалот Охридско лето и оваа година е прогласен за најголем туристички настан, награда со која се закити и минатата година.

Министерството за економија оваа награда ја доделува по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември. Признанитето денеска на пригодна свеченост и беше врачено на директорката на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата, Елизабета Јанкуловска.

1 (2) (1)

– Минатата година ветивме дека ќе ги оправдаме епитетот за најуспешен туристички настан и дека ќе работиме уште повеќе. Тоа не доведе до уште една награда која навистина не прави горди но и ни ги потврди нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во развојот на туризмот. „Охридско лето“ е наш најголем културен бренд, еден од главните чинители на музичката култура на земјава, промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската музичка уметност во светот, вели Јанкуловска.

Според неа Охридско лето е најголем туристички настан затоа што бројни уметници, над илјада кои секоја година настапуваат на фестивалската сцена, ги пополнуваат сместувачките капацитети. Фестивалот, вели директорката на Охридско лето, привлекува и бројни гости, туристи кои доаѓаат токму да ги слушнат големите светски ѕвезди и да ги видат најдобрите театарски претстави. Тие исто така покрај тоа што посетуваат настан на Охридско лето се сместуваат во хотлите и приватните капацитети.

1 (5)

-Над 25.000 посетители на годинешните 40 фестивалски дена ги посетија мизичко драмските настани. Имавме публика не само од Македонија туку и многу меѓународни гости кои специјално дојдоа да ги следат настаните кои беа на репертоарот, вели Јанкуловска.

Фестивалот Охридско лето кој преставува најголемата културна музичко сценска манифестација, препознатлива не само кај нас туку и во светски рамки, изминативе години се покажа како еден од најмоќните двигатели на туристичкиот развој во Р Македонија. Голем број уметници, кои и денес припаѓаат на светската елита, го прогласија Охрид за свој летен уметнички дом со што го афирмираа градот во интернационалните професионални кругови.
Охридско Лето е носечкиот фестивал преку кој се развива културниот туризам и се промовира културното наследство.

Со новиот проект на фестивалот, за доближување на културното наследство до уметноста, „Охридско лето ви препорачува…“, уметниците имаа прилика да ги посетатнадалеку познатите локалитети Плаошник, Самуиловите тврдини, црквата Kанео, манастирскиот комплекс „Св. Наум“ и атрактивното наколно живеалиште Заливот на коските. Исто така преку овој проект се раскажаа и легендите за сите позначајни места во градот.

Од Охридско лето додаваат дека во иднина планирано е да се воспостави и соработка со Туристичките сојузи за правење заеднички пакети – сместување, настан на Фестивалот, посета на културно историските знаменитости и плажа.
Туристички манифестации што ја одбележаа изминатата година се и „Еснаф“ Скопје и фестивалот „Браќа Манаки“-Битола и Тетовското културно лето – Тетово.

На одбележувањето на Светскиот ден на туризмот денеска во Министерството за економија им беа доделени плакети и на хотелите „Аурора ресорт спа-Берово“, „Изгрев“ Струга, „Султан“ Скопје и „Скардус“ Тетово. За најдобри инкаминг туристички агенции пак беа прогласени „Бадем турст“, „Карачи“, Визит Македонија“ и ВАС-ТУР“ од Скопје. занајдобри ресторани,пак, се прогласени „Њу Стар“, „Рагуза“, „Венето“ и „Мираколи“ од Скопје.

Министрите за економија и за локална самоуправа Беким Незири и Лирим Шабани на свеченоста најавија дека државата ќе продолжи со поддршката преку субвенционирање на развојот на туризмот, со акцент на нови сместувачки капацитети заради зголемениот број странски туристи. Меѓу приоритетите е и поттикнувањето на туризмот во внатрешноста со цел зголемување на регионалниот рамномерен развој.

Според статистичките податоци, бројот на странските туристи во Македонија во јули годинава во однос на јули лани е зголемен за 9,9 проценти, а во периодот јануари-јули годинава во однос на истиот период од претходната година вкупниот број на туристите бележи зголемување за 3,1 процент од кои кај странските за 7,2 проценти.

Според проценките на Светскиот совет за патување и туризам годинава бројот на вработени во овој сектор ќе достигне 10.000, а тоа ќе претставува и зголемување на учеството во БДП од 1,9 проценти.