Кривична за охриѓанец за бесправно градење

Охриѓанец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  бесправно градење.

Шеесет и шест годишниот Ѓ.П. од Охрид во својство на инвеститор, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган правосилно во управна постапка, на свое земјиште-катарстарска парцела изградил  станбен објект – надградба на индивидуална станбена куќа како објект од втора категорија на градби.

Како што информира МВР, во текот на август годинава, при контрола на катастарската парцела, градежната инспекција затекнала градба на станбен објект во фаза на градба. Констатираната незаконска надградба била со димензии 8 x 11,20 метри, па со неа се оформил објект од П+1 кат.

По ваквиот констатиран наод, градежниот инспектор му издал наредба на пријавениот во рок од осум дена да ја отстрани нелегалната градба.

Бидејќи Ѓ.П. не ги почитувал издадените акти за отстранување на бесправно изградениот објект, градежниот инспекторат, донесол заклучок за дозвола за извршување администаративно-присилно  извршување под закана за рушење.