Охриѓанец фрлил солзавец во кафе бар

Кривична пријава заработи охриѓанец кој фрлил солзавец во кафе бар.  А.Р. (31) од Охрид се товари дека сторил кривично дело „предивикување општа опасност“.

На 09.01.2016 година, во 02.10 часот, во Охрид во кафе бар пријавениот испуштил хемиско средство во објектот, по што веднаш го напуштил истиот.

Притоа било предизвикано печење во очите и тешко дишење на присутните гости кои во моментот биле внатре.