Охриѓанец најден мртов во село Сливово

Утрово во 02.12 часот во атарот на село Сливово, општина Дебарца, на местото викано „Даб“, Т.Т. го пронашол починат Љубе П. (64) од Охрид.

Како што јавува МВР, екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во текот на денот.