Охриѓанец нападнал девојка, па со нож ранил Американец кој сакал да и помогне

Инцидент се случил рано изутринава во Охрид, на бул.„Македонски Просветители“, спроти казиното.

А. Д. (1992) од Охрид, со нож му нанел телесна повреда на Ј. М. (1991) од САД кој се обидел да помогне на девојка која А.Д. физички ја нападнал.

Потоа истиот извадил нож и го повредил Ј.М.

А.Д. е пронајден и приведен во СВР-Охрид за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.