Охриѓанец осомничен за тешка кражба на работилница за намештај

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот Р.Ј. од Охрид, кој казненото дело го сторил во временскиот период од 16 до 17 јуни оваа година, во работилницата за намештај „Кентерс“, лоцирана на улицата „Ристо Чадо” во Охрид.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист влегол во кругот на работилницата и со подесен алат успеал да ја отвори железната врата од погонот за производство на намештај.

По извршеното пребарување, пријавениот Р.Ј. ги одзел следниве алати и предмети: две бурмашини марка „Девалт” и марка „Бош”, две убодни пили марка „Вурт” и „Метабо”,една рачна фреза марка „Метабо“, една шлајферица марка „Макита”, три штрафилици од кои едната марка „Хитачи” а две марка „Вурт”, аголна кратилица марка „Метабо“ и два продолжни кабли од по 50 метри.

Пријавениот, од комбе марка „форд транзит”, сопственост на фирмата, кое било паркирано на плацот од објектот и оставено незаклучено, противправно одзел бормашина марка „Макита”, убодна пила марка „Метабо” и пиштол за штрафење марка „Метабо”.

Потоа се качил на горниот кат од објектот со употреба на подесен алат го скршил стаклото од магацинската враата, ја отклучил со клуч кој бил од внатрешната страна на вратата, влегол внатре, ги спуштил осигурачите од разводната табла и извршил пребарување во магацинот и манцелариите но не одзел ништо по што веднаш избегал.

Со извршувањето на казненото дело „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 200.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.