Охриѓанец почина од срцев удар, откако преживеа сообраќајка

Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во Охрид, кај болницата „Св. Еразмо“. Неофицијално починатиот бил татко на еден од возачите што учествувал во сообраќајката, а починал од срцев удар.

Според првичните информации, Брзата помош интервенирала со три возила со кои ги превезувала настраданите, а во меѓувреме во колоната возила се онесвестил еден човек, јавува Охрид1.

Како што пишува Охрид1, онесвестениот човек бил префрлен во автомобил со вевчански таблички и одведен во болница. Сè уште нема потврда од полицијата дали починал на местото на сообраќајката или на пат кон болницата.

Од СВР-Охрид повеќе детали за сообраќајката најавија за подоцна.