Крими хроника

Охриѓанец пријавен за закани и повреди на сопругата

Охриѓанец пријавен за закани и повреди на сопругата
Семејниот центар на Град Скопје за две години регистрирал 120 жртви на семејно насилство

Охриѓанец ја тепал сопругата, ја турнал по скали и ѝ се заканил со убиство, поради што против него е поднесена кривична пријава, информираше во понеделникот СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ј.К. (40) од Охрид. Тој, казненото дело го сторил во текот на мај и декември минатата година со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга. При семејна вербална расправија случена на четврти декември минатата година, пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле. Притоа, Ј.К. продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напушти семејниот дом.

Семејното насилство веќе има галопирачки размери и претставува проблем што, институциите по се изгледа тешко го решаваат. Статистиките покажуваат дека најчести жртви на семејното насилство се жените-брачниот или интимниот партнер но и мајки и сестри, врз кои, својот бес и нервоза, мажите го искажуваат на најразлични насилни форми.