недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 40

Охриѓанец се удави во Охридско Езеро

Беживотното тело на 61-годишниот маж е пронајдено вчера околу 18 часот од страна на капачи кои веднаш ја известиле полицијата.

132515618

Последни вести

Охриѓанец е пронајден мртов во водите на Охридското Езеро, во близина на плажата Сараиште, што се наоѓа кај стариот дел на Охрид.

Беживотното тело на 61-годишниот маж е пронајдено вчера околу 18 часот од страна на капачи кои веднаш ја известиле полицијата.

На лице место пристигнале екипи на полицијата, Службата за итна медицинска помош  и обвинител, при што била констатирана смрт.

Причините и околностите под кои настапила смртта ќе ги покаже истрагата и обдукцијата.

Најчитани вести