Охриѓанецот Бобан Павловски го фати светиот крст во Скопје

Положениот крст во водите на Вардар, по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици го фати охриѓанецот Бобан Павловски.

Голем број на верници, денеска учествуваа во чинот на положување на светиот крст во водите на Вардар во Скопје.

skopje-vodici.jpeg7_-640x338
vodici-sk.gif1

vodici-sk.gif2

Присутни беа и премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој на Павловски му додели златник и опков на Евангелието.

Vodici 2017 (5)

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци.

Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење.

 Не е доволно да бидеме само крстени, да ја примиме светата тајна, туку е потребно да живееме според законите и заповедите на верата, да создаваме дела достојни на името што го носиме, а тоа пред се подразбира нашиот живот да го красат човекољубието и богољубието зашто не можеме да го сакаме Бога, а да ги мразиме луѓето. Како христијански народ, посебно оваа наша генерација, да се прашаме дали ја исполнуваме најсветата обврска и пред родот и пред Бога, дали во нашите постапки го има потребното човекољубие и родољубие и колку нашите меѓусебни односи го потврдуваат нашето богољубие, истакна г.г. Стефан.

За фаќање на крстот во Скопје беа пријавени над 100 граѓани, а кум на манифестацијата беше Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.