Македонија,Крими хроника

Охриѓанка склучила лажни договори за да избегне наплата на долг

Охриѓанка склучила лажни договори за да избегне наплата на долг

Кривична пријава за охриѓанка која склучила лажни договори за фиктивна продажба на возила. Охриѓанката на тој начин сакала да избегне попис и да избегне наплата на долгот кон „Оне телекомуникациски услуги“ и други доверители.

Четириесетгодишната С. К. се товари за сторени кривични дела „оштетување туѓи права“ и „злоупотреба на службената положба и областување.

Како што информира МВР, пријавената, на 18-ти мај годинава година свесно и со умисла склучила 18 лажни договори за фиктивно отуѓување – купопродажба на патнички моторни возила од кои 13 со фирмата „Сузуки 2012“ ДООЕЛ (каде управител е нејзиниот сопруг)  три со физичко лице од Ресен и два договори со физички лица од Охрид.

Со лажни договори сакала да избегне попис и да избегне наплата на долг
Со лажни договори сакала да избегне попис и да избегне наплата на долг

На ваков начин пријавената се обидела да спречи попис и проценката на нејзините подвижните предмети (моторни возила)  за да не се спроведе одземање на истите и да се оневозможи исплата на парични средства од нејзината фирма „Супер Моби Дик“ Охрид ДООЕЛ како должник спрема доверителот „Оне телекомуникациски услуги“ ДООЕЛ Скопје.

Пријавената ја  оштетила фирмата „Оне телекомуникациски  услуги“ ДООЕЛ Скопје со износ од 678.792 денари и други трошоци према други институции.

Како што се појаснува во соопштението од МВР, откако дознала дека извршител доставил барање за добивање на информации кои патнички моторни возила ги поседувал должникот, пријавената извршила фиктивна купопродажба на две патнички моторни возила сопственост на нејзината фирма.

Кривичните дела ги направила откако добила информација  дека правен застапник од Скопје поднел  барање за извршување врз основа на извршна исправа-пресуда од Апелациониот Суд-Битола за наплата на главен долг во износ од 687.792 денари, наплата на адвокатски трошоци во износ од 43.381 денари и наплата на процесни трошоци во износ од 34.489 денари.