Охриѓанец истепа полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(31) од Охрид, за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 16.12.2014 година, во 17,50 часот, од страна на полициски службеници при обид да се изврши претрес во домот на пријавениот, со цел пронаоѓање на предмети кои произлегуваат од извршени кривични дела, пријавениот со физичка сила спречил полициски службеник во вршење на службените задачи.