Охриѓанец ја претепал сопругата сред прослава

Пијан охриѓанец, на 14 јануари, прво вербално ја навредувал својата сопруга со закани дека ќе ја убие, а потоа почнал да ја тепа влечејќи ја за облеката и удирајќи ја со тупаници. Настанот се случил во еден хотел во Охрид при организирана прослава на празникот Св.Василиј Велики. По извршено алкотестирање, кај М.К. биле констатирани  2,75 промили алкохол во крвта.

Полицијата до Основниот суд од Охрид поднесе предлог,  М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување.

По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.