Охриѓанец му се заканувал и нападнал полицаец

Постар охриѓанец нападнал полицаец, прво му се заканувал, а потоа го удрил со својот автомобил.

Полицаец без повод и причина вчера бил нападнт од 61-годишниот Б.С. на улицата Партизанска во Охрид, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Гневниот охриѓанец прво вербално го нападнал и му се заканувал на полицаецот, а потоа со автомобил „мерцедес“ го удрил нанесувајќи му телесни повреди во пределот на двете подколеници.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.