Охриѓанец повреден со мачета по расправија

Охриѓанец вчера бил повреден со мачета откако претходно учествувал во расправија.

Во куќа сопственост на В.К.(30), настанала расправија помеѓу А.Р.(30) и В.К. од Охрид, при што В.К со мачета замавнал кон А.Р  при што му нанел повредите по стомакот, левата рака и левиот образ. Повредениот е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Охрид.

В.К. е приведен во СВР Охрид, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.