Македонија,Крими хроника

Охриѓанец се бори за живот, паднал додека поправал антена

Охриѓанец се бори за живот, паднал додека поправал антена

Охриѓанец во Ургентниот центар во Скопје се бори за живот откако вчера паднал додека местел антена.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 36-годишниот  М.М. од Охрид се здобил со тешки повреди и се бори за живот откако паднал од втор кат додека поправал антена.

Несреќата се случила на улицата „Сатеска“, вчера вечерта, кога М.М. поправајќи антена на балконот од зградата на вториот кат каде што живее, се лизнал и паднал на земјена подлога.

Истиот е пренесен во болницата Св.Еразмо, од каде поради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје и се наоѓа во животна опасност.