Охриѓанец се обидел да убие сограѓанин

тепачка

Против дваесет и деветгодишниот Ј.Н. од Охрид е поднесена кривична пријава поради сомнение дека се обидел да го убие четириесет и шестгодишниот З.П.

Пријавениот без повод и причина физички го нападнал З.П., вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето.

Откако З.П. паднал на земја, пријавениот извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја. Поради сериозноста на повредите, З.П. е пренесен на државната клиника во Скопје на понатамошно лекување.