Охриѓанец со нож прободел свој сограѓанин

Охридската полиција поднесе кривична пријава против охриѓанецот И.Р.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда во обид“.

Од МВР информираат дека  на 23-ти минатиот месец пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на лице од Охрид.

Настанот се случил околу 23,00 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ каде оштетениот пристигнал во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели при што пријавениот започнал вербална расправија со него по што започнала и турканица во која двајцата паднале  на подот.

Тогаш пријавениот И.Р. извадил нож на преклопување и успеал на оштетениот да му нанесе неколку убоди  во пределот на десната препона и левата надколеница.