Македонија,Крими хроника

Охриѓани одгледувале марихуана во автокампот „Андон Дуков“

Охриѓани одгледувале марихуана во автокампот „Андон Дуков“

Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.Н.(27) и М.П.(19) двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршен претрес на 1 јуни во близина на викенд куќа во автокампот „Андон Дуков“ во Охрид пронајдени се 31 импровизирани саксии со вкупно 38 растенија од растението канабис сатива додека 4 саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата.