Спорт

Проблем пред ОИ: 70% од канализационите води во Рио се влеваат во Гванабара

Проблем пред ОИ: 70% од канализационите води во Рио се влеваат во Гванабара
Заливот Гванабара е многу загаден и претставува најголем проблем пред одржувањето на ОИ во Рио 2016

Во овој залив каде ќе се одржат натпреварувања во едрење и виндсурфинг, е преполно со отпад, мебел и умрени животни.

Дури 70% од канализационите води во Рио се влеваат во Гванабара.

Подготовките за Олимписките игри во Рио се на вистински пат, но предизвици и натаму постојат, пред се тоа се однесува на чистењето на заливот, рече Бах.

Владата на Рио веќе го пропушти рокот за намалување на загадувањето во заливот за 80% пред Олимписките игри кои што започнуваат на 5-ти август следната година.

Бах истакна дека одредени мерки се превземени, додека за преостанатите ќе се почека до почетокот на игрите со цел сите да се погрижат за безбедни услови за спортистите.