Спорт

Ојлески продолжува во романски Одорхеи

Ојлески продолжува во романски Одорхеи

Македонски репрезентативец и досегашен член на Металург, Гоце Ојлески ќе ја продолжи својата кариера во романскиот клуб Одорхеи чии членови се уште двајца наши ракометари: Лазо Мајнов и Горан Кузмановски.

Ојлески е петто засилување за тимот пред новата сезона, а ова ќе биде првo интернационално искуство за него, по годините поминати во Вардар и Металург. Одорхеи за новата сезона се засили со неколку играчи, Митар Маркеж, Мијан Шајин, Петар Јокановиќ и Чог Венцел.

Сезонава Одорхеи победи во Купот Челинџ, што е најголем клупски успех, но во домашното првенство не стигнаа до разигрувањето за титулата бидејќи целосно беа фокусирани на дуелите во финалето од Купот Челинџ.

Левото крило е уште еден искусен играч од Металург што реши да замине. Управата на скопјани има тешка задача да состави доволно квалитетен тим што ќе може да биде конкурентен во Д групата од Лигата на шампоните.

Досега Металург се засили само со Даниел Дупјачанец, Антонио Пешевски, Костадин Петров, Јанко Божовиќ и Марко Матиќ.