ОЈО ја истражува смртта на родилката во Куманово – Ова и била седма бременост

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Куманово веднаш издал Наредба за обдукција на телото на починатата родилка, како и насоки за прибирање на информации за утврдување на причините што довеле до смртта на родилката, информираат од ОЈО.

Имено, во текот на вчерашниот ден сега починатата 37 годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа Општа болница – Куманово во ОЕ за гинекологија и акушерство, каде по безуспешниот обид за спонтано породување, со одлука на надлежните гинеколози се пристапило кон породување со царски рез. Изведувањето на царскиот рез течело нормално и на свет било донесено здраво машко дете.

По будењето од анестезија на родилката и се влошила состојбата, по што итно е испратена во придружба на анестезиолог, анестетичар и медицинска сестра од интензивно лекување на скопските клиники. На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување била примена и покажувала знаци на живот. Откако починала била вратена во кумановската болница, по што бил известен јавен обвинител.

Телото утринава е однесено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. По добивањето на обдукцискиот протокол јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката.

На родилката ова и била седма бременост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.