ОЈО: Ќе се вештачат телефоните пронајдени на местото на тројното убиство во Волково

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера по примена дојава за пронајдени три тела во с. Волково, веднаш излезе на лице место и изврши увид заедно со екипи на МВР. При тоа е констатирано дека со употреба на огнострелно оружје од живот се лишени три лица од кои две од женски пол, соопштуваат од Јавното обвинителство.

 Во продолжение интегрален текст од соопштението на ОЈО:

Во насока на расветлување на настанот, обвинителот издаде наредби за вршење на обдукција на починатите, наредби за собирање траги од лице место, вршење на ДНК вештачење, фотографирање, како и вршење на распит на лица со прибирање на докази и податоци. Исто така наредено е вештачење на телефоните пронајдени на местото на настанот, бидејќи според првичните информации, на кривичното дело претходела интензивна комуникација која може да расветли детали за кривично правниот настан.

Обвинителот издаде и наредба до МВР – Внатрешна контрола за испитување на случајот и доставување на целосен извештај за минатото поведение на починатиот маж, во однос на тоа дали досега е пријавуван и евентуално преземените дејствија од внатрешна контрола и редовните полициски служби во врска со неговите постапки.

Првичните сознанија упатуваат на извршено двојно убиство и самоубиство од страна на починатиот маж, а мотивите за стореното дополнително ќе се утврдуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.