ОЈО: Пронајдена е тајната работилница за фалсификување на лични карти, тројца приведени

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот.

-Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување. За овој настан приведени се три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други  кривични дела.

Повеќе информации од јавното обвинителство најавуваат во текот на следните денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.