ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ на дрзок начин ги вознемирува граѓаните лепејќи жолти траки по дуќаните

Срамно е тоа што СДСМ на дрзок начин ги вознемирува жителите на Прилеп лепејќи жолти траки по дуќаните. Уште посрамно е тоа што го прави на начин со кој се обидува да ја искриви сликата за тоа што ВМРО-ДПМНЕ направи за градот Прилеп во изминатиот период. СДСМ со ова ја покажува немоќта со која на секој подмолен начин се обидува да дојде на власт наспроти волјата на граѓаните, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ОК Прилеп.

-Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат колумната „Вистината за Прилеп” објавена на фејсбук профилот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и барем малку да научат што значи посветеност и многу работа за својата земја. Ако СДСМ заборавиле како се работи еве да ги потсетиме со извадоци од колумната. Зошто граѓаните континуирано даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во градот под Марковите кули? Запрашајте се што направи СДСМ, а што ВМРО-ДПМНЕ за градот Прилеп?

-Оваа Влада им обезбеди субвенции по едно 1 евро на тутунопроизводителите или 100 милиони евро субвенции за Прилепчани изминатиов период. Колку субвенции им обезбедивте Вие?

– Го решивме проблемот со водоснабдувањето во Прилеп и воспоставивме алтернативни извори за вода за да може градот да има вода за пиење и во најголемата криза. Зошто тоа не го направивтете десетина години Вие?

– Се инвестираат 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра.

– Преку многу лобирање успеавме да ја доведеме фабриката Гентерм која ќе вработи околу 2000 Прилепчани. Оваа Влада го донесе број еден производителот на цигари

– Филип Морис во Тутунскиот комбинат. Којa странска компанија се отвори во Ваше време?

– Ја изградивме третата лента на Плетвар и влезот во Прилеп.

– Годинава ќе започне да се гради и експересн пат од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра. Изградивме 11 локални патни правци со вкупна должина од 30,77 км и вкупна инвестиција од 140,4 милиони денари. Кои патишта ги изградивте Вие?

– Изградена е новата општинска зграда. Сетете се во какви услови работеа вработените во Прилеп и каде доаѓаа граѓаните?

– Во моментов се градат 75 станови за социјалните семејства кои во јуни ќе им се обезбеди топол дом. Колку социјални станови изградивте Вие?

– Направивме 21 санација на основни и средни училишта. Какви и колку санации направивте Вие?

– Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп. Оваа година ќе пристигнат и новите шест возови кои ќе ги користат и Прилепчани. Што направивте за подобрување на железничката инфраструктура во Прилеп Вие?

– Реконструиран е Здравствениот дом инвестиција од 8 милиони денари.

-Се реконструираше болницата во Прилеп, инвестиција вредна 35 милиони денари. Наскоро ќе се реализира голема инвестиција во болницата во Прилеп се планира комплетна реконструкција на операционите сали и сите тоалети, како и промена на подови, инвестиција вредна 40 милиони денари. Колку пари инвестиравте во здравствениот систем во Прилеп Вие?

– Во 2007 во АВРМ во Прилеп имаше регистрирано 24 900 невработени, сега 2015 година има 15 200 невработени или 9700 жители се вработиле преку мерките овозможени од Владата на ВМРО ДПМНЕ.

– Преку проектот за самовработување во Прилеп доделени се грантови за отворење на 580 бизниси, преку кредити за самовработување отворени се 740 бизниси, а преку мерката субвенции за вработување отворени се 420 бизниси. Колку ја намаливте невработеноста Вие?

– За пензионерите во Прилеп, пензиите во просек се зголемија за 62 %, платите во администрацијата се зголемија за 24 %, просечната плата се зголеми речиси двојно а социјалната помош се зголеми за 47 %. Колку ги зголемивте платите, пензиите и социјалните примања Вие?

Еве зошто жителите на Прилеп даваат поддршка на сериозна политичка партија која од самиот почеток даде ветување дека ќе го подобри квалитетот на живот во Прилеп и тоа го стори. Не застануваме тука, ќе работиме континуирано не само за Прилеп, туку граѓаните во цела држава да имаат подобри услови за живот, да имаат подобра инфраструктура, подобро здравство, квалитетно образование, ќе овозможиме поголем број на вработувања, повисоки социјални примања, поквалитетн живот на младите.

“Ете ова е вистината за Прилеп, ова е вистината за Македонија”.

Ги повикуваме СДСМ веднаш да им се извинат и да престанат да ги вознемируваат жителите на Прилеп. Гласовите од гараѓаните не се добиваат лепејќи жолти траки по дуќаните, чкртајќи ги зградите и имотите на граѓаните и уништувајќи го градот, гласовите се добиваат со многу вложен труд во реализација на проекти за општото добро на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката на граѓаните.