Магазин

Обновлива енергија Океанските еолски паркови може целиот свет да го снабдуваат со енергија

Океанските еолски паркови може целиот свет да го снабдуваат со енергија

Еолските паркови среде морињата би може да произведуваат повеќе обновлива енергија од оние коишто се поставени на копното, а многу веројатно би произведувале сосема доволно количество за снабдување на целиот свет со енергија, покажува истражувањето чиишто резултати се објавени во стручното списание Proceeding of the Nationial Academy of Sciences.

Еолските паркови, инаку, се големи постројки за добивање на електрична енергија од силата на ветрот.

Експертите од Научниот институт Карнеги откриле дека посилниот ветер кој дува на отворено море може да произведе пет пати повеќе енергија од ветротурбините поставени на копното. Иако во моментов на отворено море не постои ниеден еолски парк, резултатите од споменатата студија упатуваат на тоа дека би се исплатело проучувањето на оваа технологија, дури и кога би станувало за различна продуктивност на таквите паркови, зависно од измената на годишното време.

„Во зимскиот период еолските паркови поставени во северниот дел од Атлантскиот Океан би можеле да произведуваат доволно количество енергија потребно за потребите на сите жители на нашата планета. Во текот на летото таквите паркови би произведувале само толкаво количество електрична енергија за да се покријат потребите на европските земји или на САД“, се истакнува во студијата.

Проучувањето почива на информатичките модели со коишто продуктивноста на големите еолски паркови во американската сојузна држава Канзас се споредуваа со имагинарните еолски паркови коишто би се поставиле среде океанот. Во некои области, особено во северен Атлантик, еолските паркови би можеле да бидат многу попродуктивни од оние на копното, бидејќи отпорот на заоблените лопатки на ветерните турбини на ветерот би бил поголем од оние на копното. Покрај тоа, еолските паркови на океаните би можеле да „фаќаат“ енергија од атмосферата.

„Гигантските океански еолски паркови би можеле со голем дел да го користат ветрот од атмосферата, за разлика од оние на копното кои се ограничени со ветерот кој дува во пониските делови од атмосферата“, вели коавторката на студијата, Ана Поснер.

Потсетува дека во калифорниски Палм Спринг на една полјана се вртат 3.700 крила на ветерните турбини кои произведуваат електрична енергија за блискиот Лас Вегас. Тие работата на пустинскиот ветер, а градот се наоѓа сред пустината на Невада. Покрај тоа, треба да се потсети и дека Белгија и Шпанија 30 отсто од вкупното производство на електрична енергија ја добиваат од енергијата на ветерот.