Свет

Окинава: Почнаа работи на преместување американска воена база

Окинава: Почнаа работи на преместување американска воена база

Работите почнуваат само неколку дена откако Јапонија ја посети американскиот министер за одбрана Џим Матис, кога на состанок беше потврден планот за преместување на базата.

Преместувањето на американската вздухопловна база Футенма во заливот Хеноко е прашање чија реализација веќе со години е стопирана поради постојани протести на локалните жители.

Окинава по завршувањето на Втората светска војна е дом за неколку големи американски воени бази кои заземаат речиси една петтина од територијата на островот и може да примат околу 50.00 Американци.

Голем број локални жители се жалат на криминал, бучава и ризик од несреќи поради базите. Од 1972 година американските војници на Окинава извршиле повеќе од 5.000 кривични дела вклучително и силувања. На Окинава се околу 62 отсто од сите американски сили во Јапонија.