Властите во Оклахома и Небраска поднесоа до Врховниот суд на САД жалба против Колорадо, тврдејќи дека легализирањето на канабисот во оваа соседна држава им нанесува штета.
– Колорадо отвори опасна пукнатина во федералниот систем за контрола на наркотиците, утврден од Конгресот. Благодарение да таа пукнатина, марихуаната навлегува во соседните земји и ги компромитира нивните забрани за продажба и употреба на дрогата, се наведува во жалбата, напишана на 83 страници.
Колорадо е првата држава која во јануари оваа година ја легализира употребата на марихуана за забава, откако претходно овој наркотик беше дозволен и за медицински цели.