Спорт

Оклахома ја совлада Атланта, Антиќ со 22 поени

Оклахома ја совлада Атланта, Антиќ со 22 поени

Во фантастичен меч Оклахома успеа да слави против Атланта со 123:115, а на „Јастребите“ не им помогна ниту врвната партија на Перо Антиќ.

Македонскиот центар беше најдобар поединец во тимот на Атланта, кој ја одигра најефикасната партија сезонава. Антиќ мечот го заврши со 22 поени, реализирајќи 6 од 9 од игра и 6 од 7 од линијата за слободни фрлања, а постигна и четири тројки од шест обиди. На крајот на мечот до неговото име беа запишани уште три скокови и една асистенција.

Сепак, неговиот најдобар сезонски учинок не и помогна на Атланта да го избегне поразот од Оклахома.

Благодарејќи на новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук, седми од Ол-стар паузата, Оклахома стигна до 39-тата сезонска победа.

Вестбрук постигна 36 поени, забележувајќи 10 скокови и 14 асистенции. Го следеа Дион Вејтерс со 26 и Ентони Мороу со 21 поен.

НБА резултати:

Сакраменто – Шарлот 101:91

Голден Стејт – Њу Орлеанс 112:96

ЛА Клиперс – Вашингтон 113:99

Чикаго – Торонто 108:92

Оклахома – Атланта 123:115

Далас – Мемфис 101:112

Филаделфија – Њујорк 97:81

Орналдо – Портланд 111:104

Кливленд – Индијана 95:92

Бруклин – Милвоки 129:127 (три продолженија)

Мајами – Денвер 108:91

Сан Антонио – Бостон 101:89