Оклахома му одржа лекција на Мајами

Тимот на Оклахома Сити го совлада шампионот Мајами во дерби натпреварот од НБА лига со 112:95, а најзаслужен за победата беше Кевин Дурант, кој постигна 33 поени.

Оклахома очајно го почна мечот со негатива од 18 поени (22-4), но во продолжението заигра одлично. Шутот за три поени (16-29) ја однесе Оклахома до победата. Во еден момент дури беше и +25 за Оклахома.

Кевин Дурант и 12-та едноподруго средба постигнува повеќе од 30 поени, а се истакнаа уште Ибака со 22 поени и Џереми Ламб со 18 поени. На спротивната страна Леброн Џејмс имаше 34 поени, Бош 18, а Вејд 15 поени.

Резултати: Мајами – Оклахома 95:112, Торонто – Орландо 98:83, Бостон – Филаделфија 94:95, Милвоки – Феникс 117:126, Минесота – Њу Орлеанс 88:77, Далас – Хјустон 115:117, Денвер – Шарлот 98:101, Сан Антонио – Чикаго 86:96, Сакраменто – Мемфис 89:99, ЛА Клиперс – Вашингтон 110:103, Атланта – Детроит (одложен)